КАЈ ЦАРЕВ ДВОР ЗАПЛЕНЕТИ 20 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА

    882

    Поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, Јавен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донел наредба за спроведување на истрага за две лица.
    Сега осомничените, со уште едно непознато лице, заради натамошна продажба купиле наркотична дрога-марихуана.
    „Во текот на вчерашниот ден осомничените, а по претходен договор, организирале транспорт на дрогата до селото Царев Двор, со возило марка „мерцедес Е класа“, кое било управувано од непознато лице. Осомничените, како возач и совозач на товарно возило марка „мерцедес вито“, биле претходница на возилото во кое се пренесувала дрогата“, информираат од Обвинителството и додаваат: „На светлосна и звучна сигнализација, од страна на полициските службеници, возилата наместо да застанат ја зголемиле брзината. Осомничените по некое време го запреле товарното возило, а кога излегле од него се дале во бегство, но набргу биле совладани и лишени од слобода. Возачот на патничкото возило, бегајќи со возилото ја исфрлил дрогата крај патот и со голема брзина успеал да избега на полициските службеници“.
    По извршено пребарување на теренот пронајдени биле две патни торби со марихуана, со тежина од 20,040 килограми.
    За приведените, а по предлог на Јавниот обвинител , судија на претходна постапка донел решение за притвор во траење од 30 дена.

    Спонзорирано