НОВИОТ ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ОДГОВОРНОСТ ЌЕ СЕ БАРА ИСКЛУЧИВО ОД СУДИИТЕ

    789

    Новиот Закон за Судски совет има бројни одредби кои во детаљи уредуваат одредени области кои до сега не беа опфатени со законот, претставува еден нов квалитет. Со ваква, позитивна критика на сметка на новиот Закон за судски совет излезе тимот правни експерти од Институтот за човекови права од каде и поклопувањето на овој, со законот за судови се оценува како добро завршена работа, за која позитивно се произнесе и Венецијанската комисија.

    На неформалниот брифинг со новинарите претставниците на Институтот за човекови права излегоа и со информација дека новиот закон му дава одредена предност на Судскиот саовет во насока на обезбедување одредена независност, но тие, во исто време, не го поддржуваат натамошното останување на претседателот на Врховниот суд во Судскиот совет, а се со цел да се избегне негово, повторно арбитирање во една претпоставена жалбена постапка.

    Она што овој закон го има како позитивна придобивка се однесува на одговорноста на членовите на Судскиот совет. За претставниците на Инситутот позитивен исчекор е не само начинот на избор на членовите на Судскиот совет, туку и времетраењето на мандатот, но и поведување на постапка, иницирана од најмалку 20 судии, како и начинот на кој во иднина ќе бидат оценувани судиите.

    Целиот текст на „ТВ 24“ можете тука да го прочитате

     

    (ТВ 24)

    Спонзорирано