ЈОРСМ И МВР ПОТПИШАА ПРОТОКОЛ ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА

570

Во име на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Јавниот обвинител Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпишаа Протокол со којќе се уредат клучни области на заедничкото постапување на двете институции.
Потпишаниот потокол е изготвен на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, но како што рече министерот Спасовски тој е дело на полициските работници кои на терен, речеси секојдневно, се судираат со криминалот.
Според претседателот на Здруѓението на јавни обвинители, Елвин Вели, протоколот претставува подготвеност и најава за нови проекти кои ќе ги подигнат стандардите.
„Граѓаните од нас очекуваат да соработуваме и да им испорачаме ефикасна правда. Само обединети на фронтот против сторителите на кривични дела можеме да постигнеме резултати со кои ќе ја вратиме довербата на јавноста во институциите на системот“, рече Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески.
„Ова е добар ден за правдата, а лош за криминалот“, рече амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Според Вал, важноста на протоколот не треба да се потценува, бидејќи овој документ ќе им помогне на полицијата и на јавните обвинители подобро да ги идентификуваат и да ги истражуваат кривичните дела и успешно да ги гонат сторителите и уште една повтори дека денешниот ден е добар за правдата, а лош за криминалот.
„Целта на протоколот е да ни помогне поефикасно да ги водиме кривичните постапки, имајќи ги предвид заштитата на правата на жртвите, осомничените и обвинетите, во согласност со националното законодавство и потпишаните меѓународни договори“, рече министерот Оливер Спасовски.

 

Спонзорирано