ИСТРАГА ЗА ТРИ ЛИЦА ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ

353

Струмичкото јавно обвинителство иницира кривична истрага за една 21-годишна девојка и за уште двајца други малоленици. Согласно барњето за поведување на истрага девојката се товари за кривично дело: помагање при силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а малоетниците дека сториле: силување на дете кое не наполнило 15 години.
астанот за кој сега се сомничат девојата и момчињара се случил за време на новогодишна прослава, во домот на еден од сега осомничените малолетници. Имено, осомничената им помогнала на момчињата ( на возраст од 16 години) со употреба на сила да силуваат 13 годшно девојче.
„Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата“, се вели во службениот допис на Јавното обвинителство, од каде и информација дека судија на претходна постапка за девојката изрекол мерка притвор во траењеод 30 дена, а за момчињата е предложена мерка: ставање под надзор од Центарот за социјални работи.

Спонзорирано