Истрага за три лица за изнуда и киднапирање

    286

    Три лица се осомничени, од скопското Јавно обвинителство, за кривични дела изнуда и противправно лишување од слобода, а еден од нив и за недозволено изработување, држење, тргување со оружје или распрскувачки материи.
    Осомничените, како група и по претходен договор, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, во периодот од октомври минатата година до петти овој месец, на сила и под закана со огнено оружје присиле две лица, во повеќе наврати, да им даваат парични средства, но и да потпишуваат фиктивни задолжувања од кои потоа во постапка за извршување им предадат и недвижен имот. Еден од осомничените во станот во кој престојувал, неовластено без одобрение и дозвола од надлежен орган поседувал пиштол.
    Јавен обвинител, за сите тројца, побарал судот да изрече мерка притвор.