Побаран притвор за дилер на дрога

    959

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
    Осомничениот, од март до јули оваа година, во неколку наврати, од непознато лице, неовластено заради продажба набавувал хероин. При извршен преглед од полициски службеници кај него биле пронајдени 4,13 грами хероин, спакувани во 12 полиетиленски пакувања, додека пак, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени дополнителни 9,28 грама, спакуван во две полиетиленски пакувања и една дигитална вага.
    Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за обезбедување присуство на осомничениот за непречено водење на кривичната постапка, поради што до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

    Спонзорирано