Полицијата ја демонтира рачната бомба пронајдена во Прилеп

    187

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп, заедно со екипа од Крим-техника при МВР и од прилпската полициска станица извршиле увид на местото каде денеска беше пронајдена рачна бомба. Бомбата, како што претходно информираше полицијата, била пронајдена во близина на кафулето „Кафе Ин“, во Прилеп.
    Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно е демонтирана. Материјалот бил подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење, но обвинителство наложи дополнителни проверки, во насока на расчистување на настанот.​