СУДИЈКАТА КАЦАРСКА УТРЕ, СО АДВОКАТИ, ЌЕ ЈА ДОКАЖУВА СВОЈАТА СТРУЧНОСТ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ

    2665

    На утрешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија, како што дознава „Правосудство.мк“ ќе се појави и судијката Добрила Кацарска, во придружба на најмалку тројца адвокати, откако за неа беше иницирана постапка за разрешување.
    Според истите сознанија точката која се однесува на Кацарска ќе биде разгледувана зад затворени врати, односно јавноста ќе биде исклучена.
    Информацијата за водење постапка, против судијката којашто е единствена која изрече пресуди за поранешни високи државни функционери, но и за насилството од 27.април 2017 година, се уште никој не ја потврдува, иако во јавноста веќе беше соопштено дека Кацарска, наводно, се однесувала непрофесионално и пристрасно однесување. Мала е веројатноста дека поранешната претседателка на скопскиот кривичен суд ќе биде разрешена, но јавноста, во исто време е заинтересирана и за постапките кои се однесуваат за половина од судиите на Врховен суд, а пред се за Јово Вангеловски и уште неколкумина кои гласаа за одлуки со кои на неколкумина осомничени и обвинети им се даде шанса илегално да ја напуштат државата и со тоа да ја избегнат правдата.

    Спонзорирано