ИСТРАГА ЗА СКОПЈАНЕЦ ЗАРАДИ ЗАПЛЕНЕТИ 180 ГРАМА МАРИХУАНА

115

Скопското јавно обвинителство иницираше истрага за 30-годишен скопјанец за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Имено, при претрес во домот во кој престојувал осомничениот, на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, на 9. овој месец, во подрумот и во автомобилот полицијата пронашла вкупно 180,9 грама марихуана, 6,49 грама психотропна супстанција и 3,4- метилен-диоксиметамфетамин, како и една дигитална вага.

Спонзорирано