Истрага за разбојништвото во сендвичарата „Вили“

    1462

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична истрага за лицето кое преде два дена изврши разбојништво во сендвичара „Вили“, во центарот на Скопје, кога со употреба на сила и закана со пиштол нападнал двајца вработени во угостителскиот објект. Осомничениот, откако дошол во задниот дел на сендвичарата, се доближил до вработените и им се заканил со пиштол, барајќи од нив да му ги дадат парите од прометот. Една од оштетените успеала да влезе и да се заклучи во сендвичарата, по што осомничениот продолжил да и се заканува на втората оштетена. Тој ги одзел парите коишто вработената во тие моменти ги имала кај себе, но откако не успеал да ја отвори вратата на сендвичарата тој се оддалечил, а потоа испукал еден куршум по што се дал во бегство. Со наведените дејствијата осомничениот сторил кривичното дело разбојништво. Јавен обвинител за него, до судот, доставил и предлог за определување на мерката притвор, по сите три основи по коишто се изрекува оваа мерка.

    Спонзорирано