Во автомобил „крајслер“ криумчарени 18 мигранти

    1044

    Поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело криумчарење мигранти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за еден македонски државјанин.
    Сега осомничениот се товари дека прифатил, односно дека во автомобил ( марка „крајслер“) превезувал 18 илегални мигранти меѓу кои и четири деца.
    На патниот правец Велес-Скопје, во непосредна близина на мостот на реката Пчиња, осомничениот на светлосните и звучни сигнали од полициски службеници не го запрел движењето на возилото, туку со уште поголема брзина продолжил да се движи кон наплатната рампа Петровец. Во еден момент пред рампата полукружно го свртел возилото и се упатил во правец на селото Петровец, а од таму движејќи се по регионалниот пат кон селото Катланово. Пред влезот во селото, на надвозникот, удрил во возило коешто се доаѓало од спротивната насока. Тој бил уапсен од полициските службеници кои во возилото ги пронашлњ мигрантите.
    „Поради постоење на реална опасност, доколку се брани од слобода, осомничениот да се крие или да побегне за да ја избегне кривичната одговорност, како и стравот дека ќе ја попречува истрагата односно ќе биде во можност да влијае врз сведоците, а воедно имајќи го предвид фактот дека е специјален повратник и извршител на други кривични дела, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство и притоа се потврдува дека Судија на претходна постапка донел решение со ко на осомничениот му се изрекува мерка притвор во траење од 30 дена.​

    Спонзорирано