ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ ВООПШТО НЕ БИЛ НА РАБОТА ЗА ДА ГО ИСФРЛАТ ОД КАНЦЕЛАРИЈА?!

3033

Освен клетви и навреди кои преку социјалните мрежи ги упатува суспендираниот Владимир Панчевски тој не престанува и да изнресува невистини! Имено, тој вчера на својот фејсбук прифил објави дека „како партал“ бил избркан од неговата канцеларија и од судската зграда, но како што дознава „Правосудство.мк“, тој вчера воопшто и не бил на работното место.
„Судски полицаец дојде да ја закилучи канцеларијата, но одлука не сум примил, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиумите. Така функционира овој криминален систем!“, ќе напише Панчевски и ќе се пофали дека има 24 години стаж во правосудството, но и ќе им посака „слава“ на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерката Радмила Шекеринска.
По овие искажани невистини од Владимир Панчевски, инаку обвинет за делење на предмети на рака, односно за злоупотреба на системот АКМИС, тој ќe продолжи со неговиот говор на омраза и на поединци ќе им посака смрт.
Дали Панчевски вчера бил брутално избркан од канцелаеријата или воопшто не бил работа сега ќе треба да кажат од кривичниот суд!
Владимир Панчевски е еден од оние кои, како претседател на скопскиот кривичен суд, ја попречуваше правдата и ја опструираше работата на Специјалното јавно обвинителство. Тој не дозволи ниту еден од судиите да изрече притвор за осомничените од СЈО, а кога тоа се случи во една прилика се дрзна, пред повеќе сведоци, да искине судско решение и на судијата да му наложи да напише ново, во кое нема одлука за притворање на неколку лица. По ова сусдијата побара лекарска помош и никогаш повеќе не се врати на работа!

Инаку, кога говори за долгогодишна „кариера“ во праводсувото Панчевски не кажува зошто беше избркан од скопското Јавно обвинителство и зошто за него беше поднесена кривичната пријава.

(Љ.С.)

Спонзорирано