ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“?

3891

Може ли да се очекува во својство на сведок, во случајот наречен „Рекет“, да биде повикан и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски?
Доколку се покажат точни обвинувањата за средби на Мицковски со еден од осомничените, тогаш е повеќе од изавесно дека тој ќе биде повикан на распит во обвинителтвото за гонење на организиран криминал. Имено, за Христијан Мицковски медиумите веќе објацвија дека имал средби со Зоки Кичеец, а такви обвинувања на негова сметка дојдоа и од самата власт. Токму поради ова Мицкоски најпрво ќе треба да даде одговор на прашањето: дали имал средби со сега осомничениот и притворениот Зоран Милески -„Кичеец“ и доколку такви навистина биле реализирани што било тема на разговор помеѓу двајцата споменати. Како што е веќе објавено Мицкоски, само неколку дена пред апсењето на Милески остварил средба со него во една скопска дискотека, а потоа уште неколку средби во седиштето на партијата.
Сомнежите одат до таму што се шпекулира дека и самиот Мицкоски имал „контакт“ со парите коишто биле изркетирани од Јордан Камчев, иако веќе беше објавено дека, наводно, од домот на осомничениот Зоран Милески, помеѓу останато, биле запленети и 450.000 евра.

Спонзорирано