Панчевски суспендиран, Вангеловски одложен

1374

Одлуката за можно разрешување на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски повторно е одложена, иако за неа требаше да расправа денеска зад затворени врати Судскиот совет. Неофицијално, како причина за одложувањето се спомнува тоа што новиот чле на Судскиот совет, кој беше избран по предлог на претседателот Стево Пендаровски, требало да се запознае со случајот.

Затоа, пак, Судскиот совет, како што јави А1 он, денеска донел одлука за суспендирање на поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, владимир Панчевски, кој е обвинет за местење предмети во судот.  За судијата е отпочната и постапка за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција, но таа сè уште не е завршена.

Постапката за утврдување одговорност на Вангеловски е поведена откако тој и уште двајца судии му го укинаа притворот на бизнисменот Сеад Кочан за предметот што против него го води СЈО. Според информациите од Советот, точката за разрешување на Вангеловски на дневен ред ќе се најде по одморите.