Истрага за две лица заради пуштање во промет марихуана и амфетамини

1126

Скопското јавно обвинителство отворило истрага за две лица поради постење на основано сомнение дека, како соизвршители, сториле кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Осомничените, по претходен договор, во станот во кој што престојувале, заради продажба, поседувале марихуана и психотропни супстанции. При претрес станот, во понеделникот, полицијата пронашла и запленила 883,76 грама марихуана, хашиш масло во шприц, амфетамин со тежина од 28,47 грама, осум таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и повеќе други предмети со остатоци од наркотични дроги. За време на претресот, во станот било затекнато уште едно лице кај кого биле пронајдени 0,37 грама амфетамин кои што ги купил од еден од осомничените.

Спонзорирано