Истрага и притвор за жител на Калишта за 53 кила марихуана

789

Жител на струшкото село Калишта е осомничено од прилепското Обвинителство дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Сега осомничениот, кој е на возраст од 46 години, во вторникот, на патниот правец Битола – Прилеп, во неговото возило „ауди А3“ пренесувал 53,066 килограми марихуана. Дрогата била спакувана во 2 патни торби. Во едната имало 30, а во другата 23 пакувања.
Сообраќајна полиција се обидувала да го запре движењето, но осомничениот не само што не ја почитувал наредбата за запираее, туку со уште голема брзина го продолжил патот кон Прилеп.
Кај селото Тополчани тој пак бил опоменат од полицијата која, како и претходната патрола, од него побарала да го запре движењето, но тој повторно продолжил да се движи со голема брзина, а кога стигнал во селото Штавица, тој со голема брзина поминал низ центарот на селото и во местото викано ‘Леништа’ го запрел возилото, излегол и крај патот ги исфрлил двете патни торби. По ова тој пак влегол во автомобилот и повторно со голема брзина се упатил кон патот кој води кон Прилеп, ама кога стигнал кај селото Старо Лагово бил запрен од полицијата.
Освен отворената кривична истрага за осомничениот е изречена и мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Спонзорирано