СРЃАН КЕРИМ НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕ, НО ВО НАЈАВА ПИСМЕНА ОДБРАНА И ХРВАТСКА ЛИЧНА КАРТА

1346

Како што и можеше да се предвиди Срѓан Керим, обвинет за „финансиска дисциплина“, односно за неплаќање кон фирми, денеска не се појави во скопскиот кривичен суд!
Токму потради неприсуството на обвинетиот судот донесе решение со кое судењето се одложува на неодредено време, односно се додека Керим не ја достави сопствената одбрана во пишана форма, а заради избегнување на потреба од меѓународна правна помош, тој на увид на судот ќе ја приложи и хрватската лична карта.
Судењето на Керим, иницирано од Управата за јавни приходи, претпоставува негово свесно избегнување да им плати на фирми кои испорачале одредени услуги кон „Медиа Принт Македонија“. Во првиот случај долгот на Керим е само 500 евра, кои што тој не ги платил и покрај тоа што бил опоменат од УЈП, а во вториот случај има долг кон „ИН Такси“ во висина од 208.000 денари или 13.000 евра!

Спонзорирано