Истрага и притвор за скопјанец поради пиштол без дозвола

1156

Основното јавно обвинителство  – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Вчера, осомничениот 23-годишен скопјанец неовластено држел кај себе огнено оружје пиштол со ознака „sig sauer“ со калибар од 7,65 мм и една рамка муниција во која имало три куршуми.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело

Спонзорирано