Истрага и притвор за силувачот на деца во тетовско​

    344

    Основното јавно обвинителство Тетово поведе кривична истражна постапка за 43-годишен жител на тетовско село, за три кривични дела силување. За сега осомничениот е предложена, а од судот прифатена мерка притвор во траење од 30 дена.
    Сега осомничениот во текот на минатата, но и оваа година, во повеќе наврати, со умисла извршил други полови дејствија врз три деца кои наполниле 14 години. Тој им упатувал закани и уцени на децата, а потоа ги принудувал на полови дејствија. Имено, тој се заканувал со пиштол и нож, но и со објава на компромитирачки фотографии кои што самиот ги снимил.

    Спонзорирано