Истрага и притвор за осомничениот силувач од Делчево​

974

Основното јавно обвинителство во Кочани отвори кривична истрага за едно лице за кривично дело кое, како што официјално потврдуваат од Обвинителството се случило на 31. минатиот месец, но други детали поврзани со немилиот настан не се соопштуваат.
Случајот, за кој веќе пишуваме, се одиграл, критичниот ден, во доцните вечерни часови, откако сега осомничениот насилно влегол влегол во домот на оштетената.
Само неколку часа по сторување на делото полицијата го лиши силувачот од слобода. Таа информираше дека од слобода е лишен извесен Б.Ј.(24), од Делчево, а по пријава на жител на Делчево, дека негова роднина, под закана, била насилно обљубена.
Инаку, Јавниот обвинител до судот во Кочани доставил предлог за определување на мерката притвор, а што е прифатено од судија на претходна постапка.

Спонзорирано