УПРАВНИОТ ОДБОР ЈА РАЗРЕШИ ЛИДИЈА ДИМОВА

409

Само неколку часа по информацијата лиферувана од Јавното обвинителство дека за Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, но и за уште три други лица е отворена кривична истрага, се огласи и Управниот одбор кој информира дека таа е разрешена од директорска функција.
Како што е веќе познато Лидија Димова, а по нејзино прозивање дека трошела стотици илјади евра за непродуктивни цели, одби да си поднесе оставка од функцијата директор, со објаснување дека таа истражувала некаков стар криминал „тежок“ 2,2 милиони евра.
Оставка од Димова побара и вицепремерот Љупчо Николовски, токму поради искажани сомнежи за начинот на кој таа работела, но таа одби да го стори тоа, како што го одби истото барање од премиерот Зоран Заев со објаснување дека нејзе не ја избрала Владата на РСМ, туку Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Лидија Димова, сопственикот на „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, надворешен соработник со иницијали А.Г. и А.П., благајникот во Агенцијата сомничат за злоупотреба и проневера на повеќе од 411.000 евра.

Љ.С.
( фото: МИА)

Спонзорирано