Илегален мигрант загина, а 12 други се здобија со повреди во сообраќајна несреќа

    928

    Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на делницата од Скопје-Гевгелија, од Демир Капија до Неготино, на местото каде во сообраќајна несреќа загина еден, а 12 други, илегални мигранти се здобија со повреди.
    Според првичните сознанија, несреќата се случила кога автомобил „фолксваген фетон“, во коешто, засега непознато лице превезувало 13 мигранти, удрило во камион со кавадаречки регистарски ознаки. Од ударот, возачот на камионот изгубил контрола и удрил во друго патничко возило, со српски регистарски ознаки, кое исто така е оштетено.
    Возачот на „фолксвагенот“, веднаш по несреќата побегнал од местото на настанот и по него се трага. Скопските регистерски ознаки на автомобилот во кој се превезувале мигрантите не одговараат на возилото, па по наредба на јавен обвинител се работи на утврдување на сопственоста. Дежурниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот и врши распит на сведоци на настанот во насока на утврдување на фактите.

    Спонзорирано