На површина повторно исплива укажувањето на поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, дека не треба да се исклучи можноста функционерите на ДУИ да се уценувани од ВМРО-ДПМНЕ
Се чека спикерот Талат Џафери да одлучи дали ќе закаже пленарна седница за одземање на мандатот на неговиот претходник на функцијата Трајко Вељаноски, откако синоќа пред полноќ заврши „нерешено“ гласањето во Комисијата за деловнички прашања.
За тоа како дојде до ваква ситуација од ДУИ имаат свое видување кое исклучува било каква одговорносрт на новните пратеници, односно на членот на Комисијата за мансатно-имунитетни прашања, но и на неговата замена Мирсада Асани-Емини.
Имрено, координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими изчезе со тврдење дека вчера вечер, некаде околу 21 часот, службен возач тргнал да ја земе пратеничката Мирсада Асани-Емини, од Чегране, за таа, како замена, гласа место колегата Агим Шакири, на којшто му се слошило, но се вратил, бидејќи претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски веќе ја прекинал седницата.
Токму поради неприсуството на Шакри, односнио на неговата замена Асани-Емини бројот на гласови за и против останал нерешен, одно четворица биле за, а исо толку се противеле на предлогот за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.
За неодговорното однесување на луѓето од ДУИ неодамна на социјалните мрежи пишуваше и поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Тој ги обвини луѓето од врвот на партијата дека се уценети од ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие така се однесуваат.
„Токму сега вреди да се повторува тоа што пред извесно време го прочитавме во една информација на ВМРО: ‘Сите функционерри на ДУИ, за кои поседуваме материјали со компромитирачка содржина ги контактираме, им ветуваме поддршка и им даваме задачи постепено да станат наши соработници!’ Има ли тука нешто нејасно?“, ќе напише Хајредини.
Колку за потсетување и координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими, заедно со неговиот сопартиец Исмет Гури, е обвинет од Специјалното јавно обвинителство за за кривично дело уништување изборен материјал. Тие се обвинети во предметот наречен „Титаник 3“ и според СЈО, тогашниот секретар на Општинската изборна комисија – Чаир, Исмет Гури и Ејуп Аљими, кој во тоа време бил невработен, делото го стариле во март 2013. година. Исмет Гури и Ејуп Аљими преправиле повеќе од 30 записници за гласање. Нивното судење е закажано за први следниот месец. Обвинителката Фтиме Фетаи за нив побара притвор поради влијание и заплашување на сведоци, но судот одлучи тие да се бранат од слобода.