ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ И НЕОРГАНИЗИРАНИТЕ

686

Додека едни очајно се обидуваат да се држат до закон и до процедури, други, оние кои и го организираа насилството од 27. април, покажуваат како може да се организира излегување од затвор, под плаштот на измислени закани по нивната лична безбедност

Љубиша Станковиќ

Два дена беа малку за да може собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања да изгласа некаква одлука за Трајко Вељаноски за потоа парламентот да му изгласа одзаемање на пратеничкиот имунитет.

За оние кој не знаат Трајко Вељаноски, се до 27. април 2017 година, ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Република Македонија, а по безмалку две години од сега веќе историската смена тој е осомничен за организирање на протестите и секако на бруталностите кои се случија токму во институцијата со која лично тој раководеше повеќе од 10 години. Дали на Трајко ќе му биде одземен имунитетот или не ќе знаеме за неколку дена, но доколку тоа се случи, правно гледано, ќе имаме само малку појасна ситуација. Се разбира се ќе биде многу појасно кога неговата жаба за изречениот притвор ќе пристигне до неговиот кум, Јово Вангеловски. Да де, Вангеловски од Врховниот суд! Епилогот, уште сега може да се насети!

Како што сега стојат работите од петтемина осомничени организатори на протестите и на крвавивот четврток“ како да немаме случај: Двајца осомничени, Никола Груевски и Никола Бошковски, се во бегство, Трајко Вељаноски е покриен“ со пратеничкиот имунитет и тој е на слобода, Миле Јанакиески, по сите инциденти што ги предизвика сега си е дома, само Спиро Ристовски е зад решетки! Осомничените за немирите од 27. април, цела една недела ни демонтрираат како се организира она што само тие можат да го смислат.

На Миле му текна! Не е тој наивен! Тој и Спиро фингираа инциденти, по што Јанакиески замина на лекување“, во Градската општа болница 8-ми Септември“, каде лекарите му констатираа – ништо! Ама и самата посета на болницата беше доволна да се направи уште поголема ѓурултија. Партискиот лидер на Јанакиески ќе се прави недоветен и ќе бара посета на повредениот“ надвор од сите правила. Мицковски многу добро знае дека и да имаше редовен пацинет ќе мораше да го почитува времето за посети, а дека притворени лица не може да се посетуваат во здравствени установи. Нема дилеми дека Мицковски поентираше и дека Миле Јанакиески си издејствува укинување на притворот. Тој сега може гласно да говори дека му е загрозена безбедноста во било кој затвор во држава.

Истото важи и за бегалецот Груевски кој еднаш веќе излезе со таква теза. На ова, како јаготка на шлаг“ доаѓаат и голубарите“ кои, демек, нешто се револтирани!

Сега, кога веќе се е познато, останува само нејасно што чинат државните органи за да спречат некое, евентуално, ново бегство?

Ако целата оваа фарса заврши со ослободување на организаторите на случувањата од 27. априло, тогаш само ќе се потврди дека тие и во вакви услови знаат да се организираат!

Од оние кои треба да го спречат ова што ни се случува очекуваме малку повеќе акција и многу повеќе одговорност. Не може за се да е виновен еден обичен затворски управник!

Спонзорирано