И Катица Јанева со завршен збор, пресудата на 18. јуни

2901

Негирање на вина, барања за изрекување на ослободителна пресуда и многу „отровни стрели“, искажани во завршен збор упати Катица Јанеца кон обвинителката Вилма Русковска.
Поранешната шефица, на сега веќе непостоечкото Специјално јавно обвинителство, освен Русковска ги нападна и Орце Камчев. првоосомничен во случајот „Империја“, и неговата сопруга Ана Камчева. Таа, во својот завршен збор, рече дека „доколку ги знаете нив двајцата, тогаш не би им дозволиле да се приближат до зградата на судот, а не пак да сведочат“.
Јанева ги нарече Орце и Ана Камчеви – „дно на дното“, но посведочи дека тој уште во време на СЈО се обидувал да се доближи до обвинителствто со намера да соработува во други предмети. Јанева кажа дека Орце Камчев е „валкан играч“ кој сакал, но не успеал да ја купи.
За времето минато во притвор, освен Камчев, таа ја обвини нејзината колешка Русковска, која е и подносител на обвинението за „Рекет“, а која денеска не се појави на рочиштето. Термините, како што се, „пијаници“ и „недокажани“ таа, најверојатно ги употреби за да ја омаловажи застапничката на обвинението, притоа појаснувајќи дека во СЈО се работело многу и квалилетно и дека многу обвинители кои имале желба не стигнале таму да работат.
Катица Јанева го оспори обвинението за „Рекет“, бидејќи во него немало ниту едно вештачење, но тоа било прифатено од судски Совет за оценка на обвинителен акт.

Според нејзиното мислење обвинението се „распаднало“ и веројатно затоа Русковска не доаѓала да ги слушне нејзиниот,завршниот збор на Бојан Јовановски алиас Боки 13 и на нивните адвокати. Можеби обвинетата Јанева не знаела, но обвинителката Русковска имала обврски со предметот кој се однесува на организаторите на насилствата од 27. април.
Катица Јанева, а пред неа и нејзините бранители Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, побара ослоботелна пресуда, а судијката Васка Николовска-Масевска објавата на неправолсилната пресуда ја закажа за 18. овој месец.

Спонзорирано