Хелсиншкиот комитет со пријава за Катица Ќулафкова

1306

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава против академик Катица Ќулавкова за напишан налог на мрежата Твитер“, а со кој, како се проценува, поттикнува нетрпеливост.
Како шро е веќе познато се равботи за текст кој би требало да се однесува на пандемијата од корона вирусот, но текстот повеќе имплицира меѓунационална нетрпеливост, односно, наводен, говор на омраза.
„Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, ќе напиште Ќулафкова и по бурата реакции на социјалните мрежи таа ќе го повлече напишаното.
„Имајќи в предвид дека во нашата држава доминира говорот на омраза токму на етничка основа, ширењето и поттикнувањето на таквиот говор има посебна тежина, затоа што води кон злосторства од омраза, односно кон распламтување на националистичките страсти, а тие, по дефиниција, се разорни за ранливото социјално ткиво и имаат потенцијал за да ја нарушат националната безбедност, особено е опасно кога таквиот говор го применуваат интелектуалци, политичари, новинари и други личности со поголемо општествено влијание“, се вели во соопштебниоето на Хелсиншки комитет, од каде и потсетување дека обвинителството и судот не го процесуираат говорот на омразата.

Спонзорирано