Водачите на протестите „За заедничка Македонија“ поделиле 200.000 евра!

3845

Сведокот Александар Василевски-Нинџа,на денешното судење на организаторите на упадот во Собранието, кажа дека се било договорено во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде еден ден по случувањата се појавил тогашниот државен Јавен обвинител, Марко Зврлевски

 

Освен зачувување на власта и 200 илјади евра коишто требало да ги поделат водачите на протестите наречени „За заедничка Македонија“, ништо друго не било битно за организаторите на нападот на тогашните опозициски пратеници. Ова е кратко сите од денешното сведочење на Александар Василвски-Нинџа кој, помеѓу останатото, кажа дека само еден ден по упадот во Собранието и бруталната пресметка со пратениците на СДСМ во штадоб на ВМРО-ДПМНЕ бил тогашниот Репувблички јавен обвинител, Марко Зврлевски и поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришкоска-Бошкоски. Сведокот кажа дека се договарало кој да биде обвинет за случувањата од 27. април. Така, според екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, инаку сега еден од обвинитете за организирање на уадот во Собраниоето, најдобриот пријател на Василевски, Никола Митревски-Кољо ттребало да издржува казна од девет месеци, а потоа биле договорени 15 месеци.
Сведодкот за обвинителите Марко Зврлевски, Златко Биковски, Јове Цветановски и Гордана Гешковска кажа дека биле под команда на ВМРО-ДПМНЕ, што, пак, може да претпостави зошто никој од нив не се ни обидел да излезе на лице место и за изврши увид во Собранието.
Василевски посведочи дека само еден ден по нападот се пристапило кон бришење на видео снимки низ целиот градот, особено на раскрсници и други места каде што се движеле тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, како и неговите началници и агенти, а се изготвувале службени белешки со кои требало да се оправда нивнмото присуство во Собранието.
Според сведочењето на Василевски, екс-заменичката министерка за правда Билјана Бришкоска-Бошкоски, изразил разочароност поради тоа што пратенициите Антонијо Милошоски, Јохан Тарчуловски и Илија Димовски не предизвикале инцидент во Собранието. Тој потврди дека предметните 200.000 евра биле средства од провизија, а нив требало да ги поделат Богдан Илиевски-Бетмен, Борис Дамовски „Еднооки“ и Игор Дурловски, но кажа дека тој не добил наредба од избеганиот Никола Груевски.
„Митко Чавков ги контактираше со началниците и му даде наредба на Митко Пешов полицијата да дејствува пасивно“, кажа Василевски.
Јавното обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција како организатори на упадот во Собранбието на РСМ, на 27. април 2017 година, ги посочува Трајко Вељаноски, Владимир Атанасовски,, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, а на Никола Груевски и на Никола Бошковски ќе им се суди кога ќе им бидат достапни на органите на птогонот.
За истиот настан, односно затоа што учествуваше во насилствата од 27.април, Александар Васиевслки-Нинџа беше осуден на осум години затвор.

Спонзорирано