ГОСТИВАРЕЦ ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЧКА

797

Гостиварец, на возраст од 31 година, е обвинет за силување на млолетна девојка. Поднесеното обвинение се однесува на настан кој се случи на 27 јули, оваа година, кога со употреба на сила и под закана била обљубена девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години. Оштетената, инаку невенчана сопруга на братучед на обвинетиот, давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија. Заедно со обвинението Јавниот обвинител до судот во Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно изречената мерка притвор.​​

Спонзорирано