ОДБРАНАТА НА САШО МИЈАЛКОВ СО ПИСМО ДО АМБАСАДАТА НА ИЗРАЕЛ

1016

Адвокатскиот тим на Мијалков цени дека познанството на нивниот клиент со припадници на израелските тајни служби не може да биде пречка за негово ослободување, дотолку повеќе што токму тоа е наведно во најновото судско решение

 

Љ. Станковиќ

Случајот на екс директорот на сега веќе непостоечката Управа за државна безбедност, Саш Мијалков, поприма нови димензии и тоа само три дена по најновата одлука на скопска „единица“ со која му беше изречена нова мерка притвор.
Имено, одбраната на Сашо Мијалков, незадоволна од образложението на решението со кое нему му се зрекува нова мерка питвор, денеска писмено со обрати до Амбасадата на Република Израел, односно до амсадорот на оваа земја. Адвокатите на Мијалков процениле дека она што е наведено во судското решение не кнцидира со раелноста, а токму споменувањето на израелските тајни служби и, наводните контакти на нивниот клиент со нив е сосема доволно за да ја известат Амбасадата на Израел. Всушност, за бранителите на Сашо Мијалков според е делот од судското решение во кое стои дека поради контактите на Сашо Мијалков, како поранешен директор на УБК и контатктите со раузнавачките служби на Израел се создава можност за негово бекство од државава и дека во тоа ќе му помогнат разузнавачките служби на Израел, како и тоа дека земјата ќе ја напуштел без патна исправа.
Адвокатскиот тим на Мијалков, на крајот на писмото адресирано до амбасадорот на Израел изразува надеж дека ќе добијат одговор.
Инаку, како што е веќе познато Кривичен совет на скопска Апелација, по понудени гаранции во висина од 11 милиони евра, донесе решение со кое му ја укина мерката притвор, односно му ја замени за поблага мерка. Уште истиот ден Јавното обвнителство побара од скопскиот кривичен суд нова мерка притвор, овој пат за предметот наречен „Плацеви на Водно“. Барањето беше прифатено, но токму поради сроченото образложение и се случи реакцијата на адвокатите на Сашо Мијалкјов.

П.С.
Подолу можете во целост да го проследите текстот од писмото упатено до амбасдорот на Израел

 

Ваша Екселенцијо

Ви се обраќаме со ова писмо како бранители на господинот Сашо Мијалков за да Ве информираме за определени работи кои се однесуваат на Вашата држава и за који мислиме дека треба да бидете информирани.
На ден 22-12-2021 година на господинот Сашо Мијалков му беше прифатена понудената гаранција од страна на Апелациониот суд Скопје и му се укина мерката притвор која му беше определена во судски предмет кој се води против него. Нема да Ве оптеретуваме со политичката позадина која стои зад ваквите судски предмети како средство на власта за пресметка со своите политички противници, но она со што мораме да Ве запознаеме дека името на Вашата држава беше употребено при кршењето на основните човекови права на нашиот клиент.
Имено, истиот ден кога беше донесено решението на Апелациониот суд , Министерот за прaвда на Република Северна Македонија јавно ги прозва судиите кои ја прифатиле гаранцијата и побара ваквото решение да не се спроведе на ниту еден можен начин кршејќи го уставното начело на поделбата на власт и сериозно ја наруши независноста и самостојноста на судството. Како резултат на таквите повици и критики на Министерот за правда, Основниот кривичен суд во Скопје, кој е понизок суд од Апелациониот суд, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, експресно, само после четири часа, донесе ново решение со кое му определува притвор и покрај веќе постојната одлука на Апелациониот суд со која се прифаќа понудената гаранција и се укинува мерката притвор.
Сево ова сигурно не би Ве засегало, а и ние не би Ви се обратиле да еден дел од решението на Основниот кривичен суд, а истото стои и во барањето за определување на мерка притвор на обвинителството, не стои дека поради контактите на нашиот клиент Сашо Мијалков кој е бивши Директор на Управата за безбедност и контрараунавање, со раузнавачките служби на Израел постои опасност од негово бекство. Понатаму во решението на Основниот кривичен суд се наведува дека токму ваквите контакти со разузнавачките служби на Вашата држава, Израел, му овозможуваат реално на Мијалков да побегне од државата без патна исправа во секое време инсинуирајќи дека Вашите разузнавачки служби тоа ќе го овозможат и ќе му пружат уточиште.
Длабоко почитувајќи ја Вашата држава и гаејќи симпатии и пријателство помеѓу нашите народи кои имаат и заедничка историја Ви се обраќаме со ова писмо пред се да Ве информираме за ваквото тврдење на официјални судски и обвинителски институции со молба да реагирате на ваквото апсурдно тврдење пред се поради вистината, правдата и основните човекови права на нашиот клиент да биде правично суден без измислици, лаги и конструкции кои се вперени и кон институциите на Вашата држава.
Во прилог на ова писмо Ви го доставуваме и решението на Основниот кривичен суд Скопје .
Со надеж дека ќе одговорите на ова наше писмо;

Со почит
Адвокат Давидовиќ Звонко
Адвокат Петар Василевски
Адвокат Љупчо Шврговски
Адвокат Миле Петровски

 

Спонзорирано