ЕФЕКТИВНА И УСЛОВНИ КАЗНИ ЗА „ДВОЈНИК“

200

Три години затвор за лицето Фарук Баки, за сторена злоупотреба на службена положба и овластување, и по една година затвор којашто обвинетите Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ нсма да ја издржуваат доколлу во наредните три години не сторат ново кривично дело.
Ова се последните три пресуди за слуќајот наречен „Двојник“, односно за изработка на лични исправи на лица кои се странски државјани, а кои користеле лични податоци на наши државјани.
Во сличајот наречен „Двојник“, односно за издавање на фалц пасоши на странски државјани, петмина од обвинетите уште на стартот на постапката ја признаа вината. Имено, се равботи за лицата Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља, сите вработени во Одделението за управни работи во МВР и посредникот Раиф Мифтари.
Со пресудата Баруфи беше осуден на две години и 7 месеци, Личина и Мифтари на две години и три месеци, Велков на две години, а Биља мина со условна казна. Споменњатите се товареа дека од јуни 2017 до крајот на минатата година издале 214 пасоши на странски државјани.

( Фотос: 360 Степени )

Спонзорирано