НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ

904

Кривичен совет на Одделението за организиран криминал на скопска „единица“ донесе решение со кое му го продолжи притворот на Орце Камчев, осомничен за случајот „Плацеви на Водно“.
Камчев, како „сопственик“ на спорните плацеви на падините на Водно, беше притворен кон средината на март оваа година, откако за него беа обезбедени оперативни сознанија дека планира да побегне од државава.
За да му биде заменет притворот за поблага мерка, Камчев, најнапред понуди гаранција од 1,7 , а потоа и 3,2 милиони евра, но кауциите беа одбиени.
За предметните плацеви, односно на три плаца на Водно, два стана во Скопје, плац во Центар од 2.729 метри квадратни и уште две градежни парцели во Норово, Крушево, Јавното обвинителство бара конфискација. Заедно со барањето Обвинителството поднесе и обвинение со кое освен Никола Груевски, како вистински сопственик на плацевите и веќе споменатиот Орце Камчев, обвинети се и кумот на Груевски, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, мајката на Орце, Ратка Куновска-Камчева и Сашо Мијалков

Спонзорирано