Двајца Авганистанци е отворена истртага поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело разбојништо, односно дека претапале и ограбиле Индиец.
Како шт потврдуваат од Обвинителството, станува збор за лица на возраст од 31 и 25 години. Сега осомичените, во понеделникот, во место викано Чифлик, во атарот на пограничното село Табановце, со употреба на сила и сериозна закана одзеле од оштетениот, државјанин на Индија, подвижен предмет со намера противправно да го присвојат. Тие и го повредиле Идиецот со нож и со друг, тврд предмет го удриле по глава. Од ударот нападнатиот паднал на земја, по што разбојниците му ги врзеле рацете и нозете, а потоа му се заканиле и по живот, доколку тој не им ги даде сите пари што ги има. Откако му одзеле 440 евра тие повторно почнале да го удират, а потоа го присилиле од неговиот брат да побара, прему „Мани Грем“ да му испрати уште 2.300 евра.
Судија на претходна постапка на двајцата Авганистанци им изрекол мерка притвор во треање од по 30 дена.
ДВАЈЦА АВГАНИСТАНЦИ ОГРАБИЛЕ ИНДИЕЦ
Спонзорирано