Двајца албански државјани трговувале со марихуана и нападнале полицаец

1020

Двајца албански државјани, од гостиварското Јавно обвинителство се сомничат дека, како соизвршители, сториле кривични дела: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и спречување на службено лице во вршење службени дејствија.
Сега осомничените, на возраст од 21 и 19 години, набавената марихуана во Албанија, а откако на илегален премин ја внеле во нашата земја, дрогата планирале препродадат.
„На 6. овој месец, при обид да им биде извршен личен преглед, осомничените дале отпор и ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со тупаници. Првиот осомничен бил совладан и лишен од слобода, а во неговата чанта биле пронајдени околу 890 грама марихуана. Вториот осомничен се дал во бегство, но во утринските часови следниот ден сам се предал во полициска станица“, велат од Обвинитрелствтото.
Јавен обвиител, до судијата на претходна постапка, достави предлог со ко се бара изрекување на мерка притвор.

Спонзорирано