ДО ПРВИ ЈУЛИ СЕ ОДЛАГА ИЗВРШУВАЊЕТО НА КАЗНАТА ЗА ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА

1813

Скопскиот Апелационен суд делумно ја уважил жалбата на екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, така што пресудата за случајот наречен „Тенк“ сега е во рацете на судија за извршување санкции кој, пак, постапувајќи по барање на обвинетата донел решение со кое и се одобрува одложување на извршувањето на казната први јуло оваа година, а како причина е прифатено дека таа чува дете.
Поранешната министерка за внатрешни работи, во октомври минатата година беше осудена на шест години затвор за набавка на луксузно возило „мерцедес“ вредно 600.000 евра. Јанкулоска не дојде на изрекувањето на првостепената пресуда, но вложи жалба до повисокиот суд.
Имено, на Јанкулоска, поради бременост, но и поради породување и се судеше во издоена постапка. Претходно, за случајот „Тенк“ беа осудени екс-премиерот Никола Груевски, кој е правосилно осуден на затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски кој беше осуден на 6,6 години затвор. Осудените вложија жалби, но Апелација ја прифати само онаа на Поповски. Нему му беше преиначена казната, односно беше осуден четири ипол години затвор.
Случјот на Груевски сега е во рацете на судиите од Врховниот суд.

Спонзорирано