Мијалков излегува од притвор, ама остана без пасош

277

Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по службена должност,  донесе решение со кое ја укинува мерката куќен притвор за обвинетиот Сашо Мијалков, а која, со решение на Апелацискиот суд во Скопје, беше изречена на 28 март оваа година.

Советот изрекол мерки на претпазливост, односно го задолжил обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот, а му се одзема и патната исправа, но се забранува издавање нова патна или друга исправа, како и забрана за преминување на државната граница со лична карта.

-Со решение на Основниот суд Скопје 1, при изрекување на пресудата за предметот ‘Титаник 2’, на обвинетиот му е определна мерка притвор. Со решение на Апелацискиот  суд во Скопје решението на првостепениот суд е преиначено со тоа што за обвинетиот е определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена“, се вели во соопштението на Кривичниот суд. Оттаму потсетуваат дека рокот од 60 дена истекува денеска.

Случајот „Титаник 2“ се однесува на изборни манипулации  во кои учествувале членови на Државната изборна комисија, а Мијалков беше осуден на казна затвор во траење од три години.