На затворска казна во траење од три години е осуден поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а екс-градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски е осуден на четири години затвор, колку што доби и градежната инспекторка Елисавета Најдовска.
Нови девет години затвор му се изречењи на сега пребеганиот екс-премиер Никола Груевски за незакоското уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“.
Освен Груевски, на затворска казна во траење од три години е осуден и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а екс-градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски е осуден на четири години затвор, колку што доби и градежната инспекторка Елисавета Најдовска. Сите тие беа обвинети за сторена злоупотреба на службената положба и овластување.
Согласно изречената пресуда, сите осудени се задолжени да уплатат по 50.000 денари во судскиот буџет, а солидарно да му ја надомстат штетата на бизнисментот Фијат Цаноски за урнатѕиот комплекс „Космос“ во висина од 683.514.694 денари или нешто повеќе од 11 милиони евра, како и дополинителни 29 милиони денари за самото уривање.
Судечкиот совен на скопска „единица“, со кој претседавше судија Огнен Ставрев, одлучи да ги ослободи од вина обвинетите Насе Ралев, Марика Зафировска и Александра Димитриевска-Аврамовска.
Во образложението на својат одлука судијата Ставрев кажа дека од изведените докази се утврдило дека Никола Груевски, незадоволен од одлуката на Цановски да ја апушти неговата политичка коалиција, одлучил да му се одмазди. Имено, тој и Миле Јанакиски, со умисла, го поттикнале тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, да ја искористи неговата службена положба и да го урне станбено-деловен простор „Космос“, а тој, пак, и’ наложил на обвинетата Елисавета Најдовска д преземе одредени чекори во таа насока. Извршувајќи ги наредбите на нејзинот претпоставен Најдовска погрешно ја одредила таканаречената „нулта точка“ на објектот, по што на инвеститорот му дала рок од три дена самиот да си го урне објектот, а откако понудата била одбиена тоа го сторила фирма којашто била ангажирана од Општината.