БУГАРИН, ПОД ПОКРИВ ОД КОМБЕ, КРИУМЧАРЕЛ МИГРАНТИ ОД ИРАК

1317

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издал наредба за спроведување на кривична истражна постапка за едно лице, инаку државјанин на соседна Бугарија.
Обвинителството го сомничи приведениот за кривично дело криумчарење на мигранти, односнмо дека во неделата, од користољубие, илегално пренесувал осум лица-мигранти од Ирак. Тој, со комбе ( „форд транзит“), со бугарски регистарски таблички, со цел илегално да ги превезе до западно европските земји ги прифатил мигрантите во Солун. Во импровизиран бункер во покровниот дел на возилото ги сместил во легната положба и поминувајќи го граничниот премин Богородица, преку автопатот „Е 75“, пристигнал на граничниот премин „Табановце“ каде по извршена контрола на возилото царинските службеници ги пронашле скриените мигранти.
Обвинителството до судија на претходна постапка дал писмен предлог за определување на мерка притвор во траење од 30 дена, а што било прифатено.

Спонзорирано