АРАФАТ МУАРЕМИ СО ПРИЈАВА ПРОТИВ ТРИТЕ ОБВИНИТЕЛКИ ОД ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

586

Директорот на Упрвата за финансиска полиција, Арафат Муареми, денеска до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Еусковска и за нејзините соработнички Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.
Пријавата, којашто Муареми ја најави уште минатата недела, доаѓа по претресот што ОЈО ГОКК го изврши миатиот месец во канцеларијата на директорот на УФП. Имено, Муареми цени дека претресот бил извршен на незаконски начин и дека обвинителките, наводно, го измамиле и судијата Седат Реџепагиќ за да им дозволи претрес со налог. Токму поради ова Арафат Муареми за судијата Реџепагиќ ќе бара тој да одговара пред Судскиот совет.
Иаку, како што е познато претресот во кабинетт на Муареми беше реализиран по пријава на граѓани кои имале сериозни обвинувања за сметка на работењето на Арафат Муареми.

Спонзорирано