ИСТРАГА ЗА ТУРСКИ ВОЗАЧ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ПРОКРИУМЧАРИ 13,3 КИЛОГРАМИ ЗЛАТО

453

Кумановското Основно обвинителство Куманово, а по поднесена кривична пријава, донесе наредба за спроведување истрага за турски државјанин, со живеалиште во Скопје, за кривично дело криумчарење.
Сега осомничениот, инаку на возраст од 55 години, се јавува како криумчар на 13,3 килограми злато и на уште 30.000 евра коишто вчера беа пронајдени при претрс на автобус кој сообраќа на релација Пореч-Гостивар. Имено, осомничениот кој е пензионер, а во земјава бил ангажиран со договор на дело како возач на автобус, на граничниот премин Табановце, се обидел да илегално да внесе златен накит, часовници и златни плочки во вкупна вредност од 36.305.644 денари.
„Пратката со златни предмети претходно ја зел од хрватски државјанин и ја скрил во делот каде што се наоѓа вентилацијата на автобусот. При контрола од овластени царински службеници таму биле пронајдени 18 пакувања во кои имало 97 златни прстени, 39 златни огрлици, 133 златни нараквици, 4 парчиња нараквици со полускапоцени камења, 5 парчиња сини златни нараквици, 8 парчиња жолти златни нараквици, 5 парчиња гумени нараквици со златни плочки, 5 парчиња часовници златни без механизми и нивни делови, 33 парчиња златни приврзоци, 91 парчиња златни обетки, 23 парчиња златни монети, 48 парчиња златен кршен накит, 73 парчиња златни плочки во правоаголна и друга форма и 3 пакети злато во гранули. Златните предмети биле со вкупна тежина од 13,3 килограми“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Инаку, Обвинителство од судот бара на осомничениот да му изрече мерка притвор, бидејќи постои рерална опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Спонзорирано