ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА ЖАН МИТРЕВ ЗА ИЗМАМА

759

 

Скопското јавно обвинителство од денеска и формално започнува со кривична истрага за Жан Митрев, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело измама, согласно член 247 став 4 а во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Иако од Обвинителството не посочуваат за кого се однесува наредбата за отворање истрага, сепак, од она што е наведено во нивното службено соопштение лесно може да се заклучи дека „на удар“ е токму сопственикот на „Жан Митрев Клиник“. Имено, како што е наведено во соопштението на Јавното обвинителство сега осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, односно за целиот овој период додека трае пандемијата од корона вирусот, тој „со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД -19 со методот на хемофилтрација“.
Имено, обвинувањата кои одат на сметка на Митрев се дека тој од пациенти барал авансна уплата од по 12.000 евра за хемофилтрацијата, односно дека за целиот тој период болнички третирал повеќе од 550 пациенти.
Инаку, со барањето за отворање кривична истрага Јавниот обвинител кој постапува во овој предмет, до кривичниот суд во Скопје, доставил и предлог за определување мерка за обезбедување на Жан Митрев, односно одземање на патна, а заради обезбедување негово присуствот.

Спонзорирано