АПЕЛАЦИЈА ГО ОДБИ МЕНКИНОВСКИ, ОРЦЕ КАМЧЕВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР

2428

Повисокиот суд ја потврди одлуката на Судскиот совет на скопска „единица“, од 12. овој месец, со која на Камчев му се продолжува притворот за нови 30 дена

Апелациониот суд во Скопје ги отфрли жалбите на одбраната на осомничениот Јордан ( Орце) Камчев, со кои се бара укинување на мерката притвор којашто на 12. овој месец му ја изрече Кривичен совет на скопска „единица“.
Отфлањето на жалбите подразбира дека Камчев останува во Шутка“ и после празниците, одноасно најмалку до првата половина на мај.
Жалбата поднесена од бранителот на Камчев, адвокат Тони Менкиновски, судот ја одбил како неоснована и во целост го потврдил решението на првостепниот суд. Во образложение на својата одлуката повисокиот суд наведува дека адвокатот Менкиновски го барал токму спротивното, односно барал укинување на претходната одлука или укинување на мерката со прифаќање на понудена гаранција.
За разлика од Менкиновски, скопскиот адвокат Антониот Апостолски, во замена за укинување на притворот бара судот да прифати хипотека на недвижен имот во висина од 75.805.464 денари и дополнителни 200.000 евра во готовина, односно гаранција во вкупен износ од 1.432.609 евра. Апостолки, како опција, му нуди на судот укинување на првостепеното решение и враќање на предметот во првостепениот суд каде повторно би се одлучувало за истото прашање.
Орце Камчев, освен во предметот „Империја“ е осомничен и во предметот „Плацеви на Водно“, за што, на 14 март и беше притворен. Се верува дека Камчев планирал и бегство од земјата и дека и тоа е една од причните поради кои е вратен во затворот „Скопје“.
Незадоволен од одлуката на судот адвокатот Тони Менкиноски поднесе кривични пријави против Судијата на претходна постапка и Кривичниот совет на скопскио кривичен суд, а им пиша и на министрите за надворешни работи на Земјите членки на Советот на Европа.

(Љ.С.)
( Фото: Фронтлајн)

Спонзорирано