ОБВИНЕТ ОЛИВЕР ДЕРКОВСКИ, ВРАБОТЕНИ ВО ДИК И ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР

716

Претседателот на ДИК и уште четбрица други се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување​, односно за набавката на софтверот за избори и телевизори вредни 1.312 409 денари или околу 20.000 евра

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја затвори истрагата за набавката на софтвер за избори за потребите на Државната изборна комисија и поднесе обвинителен акт против поранешниот претседател на ДИК и за уште тројца вработени во ДИК, како и за еден управител на економски оператор.

Сега обвинетите се товарат за сторена злоупотреба на службена положба и овластување, со извршени две јавни набавки, со што го оштетиле државниот Буџет за 1.312 409 денари или за околу 20.000 евра. Имено, И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, од февруари до септември минатата година со неизвршување на службените должности при јавна набавка на софтвер за изборите, не го почитувале ни минималниот рок за примање понуди, а и не утврдиле дека „Дуна“ не ги исполнува условите за учество во постапката и не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Врз основа на Извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот Олицер Дерковски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач.

„Откако постапката била поништена, првообвинетиот, спротивно на мислењето на Бирото за јавни набавки, донел одлука за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас и притоа по негови насоки биле намалени критериумите за вреднување на економските оператори во делот на квалитет. Покани за поднесување понуди за набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК биле испратени до два економски оператори и во повторената постапка повторно како најповолен понудувач бил избран економскиот оператор ‘Дуна’ со која тој потпишал договор за јавна набавка“, се вели во соопштенињето на Обвинителството и притоа се појаснува дека тој иако бил должен, пред да го потпише договорот и пред да го имплементира софтверот да обезбеди негово тестирање заради утврдување дали ги исполнува бараните услови, тоа не го сторил и дозволил истиот да се пушти во употреба без спроведено тестирањето и без направен квалитативен и квантитативен прием на услугата од договорот. На ваков начин за економскиот оператор била прибавена корист во висина од 899.999 денари.

„Во постапката за набавка на телевизори што ќе овозможат приказ на резултати од избори во надворешни услови, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка било во консултации со учесник во постапката обвинетиот И.В. Покани биле испратени до пет економски оператори на контакт адреси што не биле регистрирани во Бирото за јавни набавки, а единствениот понудувач бил економскиот оператор „Тардис“ ДООЕЛ – Скопје. Обвинетиот А.Ш. како претседател на Комисијата за јавни набавки, спротивно на правилата, иако знаел и бил свесен дека обвинетиот И.В. како овластено лице на единствениот понудувач е изготвувач на техничката спецификација, ја евалуирал понудата и во извештајот за спроведена постапка, без присуство на членовите на комисијата, дал предлог понудата да биде избрана за најповолна понуда. Обвинетиот Дерковски го прифатил предлогот и донел одлука за избор на најповолен понудувач, а на споменатиот кономски оператор му биле уплатени 412.410 денари.​

Спонзорирано