Советот на Јавни обвинители на Република Северна Македонија од денеска има нов претседател. Имено, на местото на досегашниот претседател Ацо Колевски, доаѓа неговиот колег Антонио Јолевски.
За изборот на новиот претседател од Советот на јавни обвинители има официјална потврда напишана во две реченици!
„На ден 29.09.2021 година, Советот ја одржа редовната 32-ра седница за избор на претседател на Советот на јавните обвинители на РСМ. За претседател на Советот на јавните обвинители на РСМ беше избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, кој функцијата ќе ја извршува во наредните две години“.
Од биографијата приложена на сајтот на Советот на јавни обвинители може да се види дека Јолевски, во 1983 година, се вработил во тогашниот Окружен суд во Битола, а во 1996 година бил распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник. Во 2002 година Јолевски станал секретар на судот, а една година подоцна тој бил избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола. Во 2012 година е избран за Јавен обвинител на ОЈО Битола, а од 2020 година е Член на Советот на јавните обвинители.
АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
Спонзорирано