Во полициската акција којашто беше реализирана утрово во Битола и Тетово, а која уследи по повеќе месечна предистрага, од слобода се лишени осум лица и за нив веќе е поведена кривична истрага. Имено, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за К.Т. (71) и Д. Р. (60), од Битола, за сторени кривични дела злосторничко здружување, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, прикривање и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, потоа за З.Т. (48), Н.Л. (43), С.К. (63), Ѓ. П. (65), П.М. (48), сите од Битола и Б.К. (53), од Тетово, за кривични дела: злосторничко здружување, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, прикривање и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
Како што потврдуваат од Обвинитлствто двајцата првообвинети, од мај минатата година па се до денес, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, создале група на која и другите осомничени. „Осомничените, поединечно и заедно, преземале дејствија на присвојување и продажба на добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости. Употребувајќи сонди и метал детектори без дозвола од надлежен орган испитувале локалитети низ целата територија на државата. Како ориентација користеле сателитски снимки, карти и рачно напишани текстови и преданија, а потоа со употреба на хилти, копачи и други градежни алатки и градежна механизација правеле археолошки ископувања и минеролошко петрографски истражувања. Откриените артефакти – добра под привремена заштита, иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале на непознати безбедни 

локации или во своите домови“, се вели во соопштението на Јвното обвинителство и се потврдува дека тие стапувале во контакт со непознати лица, припадници на групата кои биле по потекло од Грција, Турција, Албанија, Хрватска, Србија и САД и како на заинтересирани купувачи им ги продавале добрата. Купувачите ги изнесувале артефактите надвор од границите на државата со што трајно го оштетиле археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и нанеле непроценлива штета на државата.

Инаку групата вршела ископувања на регистрирани и нерегистрирани археолошки локалитети кко штоп се: Вртекица, Сливица, Герман, Белица, Горна Јаболчица, Долно Јаболчиште, Мочурлива вода, Чатал камен, Туњ, Чиндиро Кале, Медов Дол, Градиште – Црно Езеро, Ломница, Ченгово Кале, Бајрамова Круша, Ивањевци, Болдовенци, Журче, Ловор, Лопатица и на други локации.
Во денешната акција, а по извршен претрес на домовите на осомничените, биле пронајдени предмети под привремена заштита, односно културно наследство со непроценлива вредност, инаку сопственост на држават, но и природни реткости и други скапоцени предмети прибавени со кривично дело.
Јавен обвинител, кој постапува во овој предмет, ќе побара од Судија на претходна постапка од скопска „едиица“, на шестмина осомнични да им изрече мерка притвор.

Спонзорирано