Поранешниот директор на некогашната УБК, во апликацијата адресирана до ЕСЧП се повикува на прекршувања на членот 5 од Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи, односно на овеќемесечниот притвор

 

Од пред неколку дена на сајтот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур може да се прочита најновата апликација која доаѓа од нашата земја. Како апликант се јавува Сашо Мијалков, пораншен директор на сега непостоечката Управа за државна безбедност.
И, како што тоа најчето се случува, и Мијалков реагира на мерката притвор која во Македонија може да трае со години.
Изминатава деценија бевме сведоци на изречни мерки притвор кои знаеја да потрајат и по 3-4 години, ( иако за такво нешто немаше потреба), и затоа оваа мерка најчесто се доживуваше како форма на притисок врз осомничените, но и како начин за изживување врз нив, а се со цел да се задоволи нечија суета која чезнеела за брутална одмазда.
Но, да се вратиме на апликацијата на Сашо Мијалков доставена до ЕСЧП. Во неа јасно е наведено дека тој „е предмет на неколку кривични постапки: злоупотреба на службената положба, криминален заговор, прекршоци поврзани со изборите, малтретирање и друго“, а дека случаите се поведени од неклогашното Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Поднесителот на апликацијата најнапред потсетува на одуката на експреседателот Ѓорге Иванов, од 12. април 2016 година, за помилување, но и на одлуката од 27. мај истата година, кога тој ќе ја отповика својата одлука. Мијалков не се задржува на Законот за помилување, односно на членот 11 од тој закон, но само потсетува на постоењето на еден правен акт кој ја регулира таа проблематика.
Во апликацијата доставена до ЕСЧП може да се забележи дека таксативно се наведени сите притворања и ослободувања на Мијалков, секако, со неговото последно притворање кое трае повеќе месеци.
Реално, од Сашо Мијлаков не може да се очекува да бара поддршка од неговите вработени кои би потпишувале петиции или би пишувале по социјалните мрежи, како што тоа го прават некои други, но во исто време негово неприкосновено право е да бара институционално решавање на неговиот случај.

Јавноста е запознаена дека Мијалков побара укинување на мерката притвор по основ на нарушена здравствена состојба, со понудена одредена сума како финансиска гаранција, но откако беше одбиен, тој повторно бара начин за прекратување на долготрајниот притвор, но овој пат преку ЕСЧП. Всушност, тој во апликцијата никаде не кажува дека бара нешто што, реално не му припаѓа, и веројатно затоа ќе се повика на  членот 5 од Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи.
На што точно се однеува споменатиот член од Конвенција и на што точно се повикува Мијалков? Имено, членот 5 се однесува на „Правото н слобода и безбедност“, а во точка 4 од истиот член стои дека: „Секое лице лишено од слобода, со апсење или притворање, има право да вложи жалба до судот, и тој, во кус рок, да ја разгледа законитоста на тоа лишување од слобода и ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување“. Тој не зборува за право на правична судска постапка или за казна без закон, туку за притвор кој му се изрекува така што му се укинува изречената поблага мерка (куќен притвор), иако за такво нешто нема потреба.
Замената на „триесетка“ или едномесечен притвор за „петка“, односно за членот 5 од Конвенцијата за човекови права е солиден старт за воведување на измени во законот. Идејата не е да се изигра законот, туку да не се злоупотребува мерката притвор.
Сите сме сведоци дека токму ЕСЧП носеше одлуки со кои ја задолжуваше државата да плаќа за предолгиот притвор. Конечно, само за „Змиско око“ на 28 притвореници им беше признато правото дека предолго се во „Шутка“, а тоа нивно право мораше да се плати!

(Љ.Станковиќ)

 

Спонзорирано