Скопска Апелција му ја намалила затворската казна н Панчвски за една година, но она што е битно е дека се докажа неговата злоупотреба на систмот АКМИС во повеќе од 40 судски предмети, за период подолг од три години

Скопскиот Апелационен суд донесе пресуда со која се потврдува дека поранешиот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчвски, сторил злоупотреба на службената положба, односно со распределба на судските предмети преку системо АКМИС.
Повисокиот суд, со изрекување на сега веќе правосилната пресуда, одлучил да му ја намали казната на Панчевски за една година, па така тој наместо 3,6 сега ќе издржува казна затвор во траење о 2,6 години. Но, во суштина, со одлуката на Апелациониот суд само се потврдија обвинувањата на Јавното обвинителство коешто излезе со тврдење дека сега Панчевски од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, во својство на претседател на кривичниот суд, со умисла, го злоупотреебил АКМИС системот и тоа во 45 судски предмети.
Она што Обвинителството го презентираше во обвинителниот акт, на судење на Панчевски, пред нешто повеќе од една годиа, во судот во Велес го потврди и сега веќе разрешниот судија на Врховниот суд, Стојанче Рибарев. На судењето, тој, во својство на сведок потврди дека за начинот н кој работел Панчевски имало поплаки од судии, кои регирале на злоупотребите со АКМИС системот, а самиот Панчевски кжа дека не му е јасно обвинението. Инаку, тој долго време го избегнуваше судот, кој, пак, одлучи да му изрече мерка притвор, а кога и тоа се случи, обвинетиот посака побрз завршеток на судењето за да му биде укината мерката притвор.
„Правосудство“ прв објави дека Владимир Панчевски уште како малолетник бил во судир со законот, односно дека ограбувал станови во Скопје и дека со жени се однесува крајно насилничкн, но тоа како да не претставувало никаква пречка тој да биде избран за судија, а потоа и за преседател на суд. Последниве години Панчвски е на социјалните мрежи каде, со лажни профили, се конфронтира со поединци, но и со државни институции.

Спонзорирано