Антонијо Милошоски и 12 други лица обвинети во предметот „Моќник“​

3403

Освен Антонијо, кој ќе одговара за измама и за злоупотреба на службена положба, обвинети се и неговиот татко Милош, екс-претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев и сите членови на спомената комисија

 

Јавен обвинител од скопското Основното јавно обвинителство до кривичиотн суд Скопје, денеска, поднесе обвинителен акт за три лица и обвинителен предлог за други 10, инаку сите инволвирани во продажбата на објект во селото Ижиштае, Општина Македонски Брод, а кој го користела општина Пласница.

Истрагата за овој случај, кој ќе биде наречен „Моќник“, во март 2018. година ја започна тогашното Специјално јавно обвинителство, а сега финишира со поднесување на обвинение со кое како обвинет се појавува поранешниот пратеник и министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, кој за предметниот случај, на 16. октомври 2018. година, даде исказ.

Според навосите на диспозтивот на обвимнението се заочнало уште во 2011 година кога прво и второ обвинетиот, односно таткото на Антонијо, Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод.

„Со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157 метри квадратни и дворно место од 3.920 метри квадратни, во село Ижиште, Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница.

Со тоа, со продажбата на објектот нанеле штета на Република Северна Македонија возначителна вредност од 1.795.800 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари“, се вели во соопштението на Обвинителството и притоа се посочува дека Антонијо Милошоски, инаку сега третообвинет, дал особен придонес кон сторување на делото со искористување на неговата функција со тоа што вршел континуиран притисок врз органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите, а се со цел да не биде поништена продажбата на објектот.

Веќе на 27. октомври 2011 година, првообвинетиот писмено се обратил до Советот на Општина Македонски Брод со барање да донесат одлука за продажба на задружниот дом во Ижиште и во барањето, лажно, навел дека истиот веќе го користи тој простор, дека планира да отвори сопствен бизнис, иако знаел дека објектот е всушност руиниран и дека го користел градоначалникот и општината Пласница, како и Управата за водење на матични книги.

Следниот ден советот на општината одржал седница на која се разгледувало барањето од првообвинетиот, а на неа збро земал и градоначалникот кој кажал дека се работи за објект кој на барателот му бил даден на користење на 30 години од претходниот совет, а за што имало договор, па за да може да се направи вложување во објектот второобвинетиот побарал од советот да донесе одлука и да му се продаде објектот на прообвинетиот преку јавна лицитација.

Советниците, доведени во заблуда, со лажно прикажаните факти, донеле едногласна одлука за продажба на зградата, но градочалникот, за да избегне конкуренција во наддавање, односбно за да нема друг заинтересиран купувач огласот за продажба не го објавил во службен весник. Со ова тој му овозможил на таткото на Антонијо да го купи објектот за 1.795.800 денари или само 670 денари од почетно утврденатиот износ. По ова бил склучен договот, а новиот сопственик објектот, на свое име, го впишал во катастар.

„Тој го купил и земјиштето по цена од 100 денари по метар квадратен, во постапка без јавно наддавање. Имено, иако според одлуката на советот на општината најниска (почетна) цена во постапката за јавно наддавање за предметното земјиште требало да биде 100 денари по метар квадратен, и истата била објавена во службен гласник на Општина Македонски брод, па сепак, донесена е одлука со ист евиденциски број, со која цената на земјиштето се ограничува да не биде поголема од 100 денари.

Тоа го искористиле прво и второобвинетиот и постигнале договор за купопродажба на земјиштето по цена од 100 денари по метар квадратен, а реалната вредност определена со актите на општината за тој регион била предвидена на 400 ден за метар квадратен“, потврдуваат од обвинителството и појаснуваат дека кога градоначалникот на Пласница,Исмаил Јајоски, разбрал за продажбата тој телефонски го контактирал Антонијо Милошоски, а побарал и Владата да ја преиспита а постапката за продажба.

Владата оформила комисија, но, Антонијо, искористувајќи ја својата позиција вршел континуиран притисок врз сите институции кои постапувале по овој предмет, а се со цел да биде потврдена продажбата.

Тој, паралелно со притисокот врз надлежните за непреземање активности за преиспитување на продажбата, во име на Претседател на комисијата за надворешна политика, преку писмени барања иницирал инспекциски и полициски контроли врз едно правно лице, а организирал друго лице да поднесе барање до Комисијата за утврдување на фактите, односно Комисијата за лустрација, со наводи кои треба да иницираат постапка за лустрација за еден судија од Кичево.

Сега обвинетиот Антонијо со умисла го поттикнал сега четвртообвинетиот, Томе Аџиев, како претседателот на Комисијата за утврдување на фактите, врз основа на тие наводи да отвори повторна постапка за лустрација над судијата.

Постапката за лустрација била отворена и Аџиев, заедно со деветтемина, исто така обвинети, членови на Комисијата за утврдување на фактите, како службени лица, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, со умисла, иако знаеле дека не се исполнети критериумите за лустрација донеле одлука за лустрација на оштетениот кој бил времено оддалечен од вршење на функцијата судија во Основен суд Кичево, а потоа со одлука на истиот орган е утврден и престанок на вршење на судиската функција на оштетениот, со што потешко му ги повредиле неговите права.

Со Обвинителниот акт, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле едно кривично дело измама, а Антонијо Милошоски измама и злоупотреба на службената положба и овластување.
Со Обвинителниот акт членовите на Момисијата за лустрација се товарат дека сториле едно кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

(Љ.С.)

Спонзорирано