АНДРЕА ПОПОВСКИ ВРАБОТИЛ ЖЕНА КОЈА ЗЕМАЛА ПЛАТА, НО НЕ ДОАЃАЛА НА РАБОТА

3405

Нововработената немала обврски да доаѓа на работа во Центраталниот регистер, но затоа, пак, требало да извршува партиски активности

 

Приведениот екс-директор на Центрамиот регистар, Андреа Поповски, кривично ќе одговара за сторена злоупотреба на службената положба и овластување, односно поради тоа што вработил лице кое не доаѓало на работа, но затоа, пак, имало обврски да спроведува партиски задачи.
Од скопското обвинителство потврдуваат дека е дадена наредба за отворање кривична истрага за Поповски и уште четири други лица, од кои само еден се сомничи за сторена: злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 а во врска со став 1 од Кривичниот законик, а останатите се товарат за помагање при извршување на кривичното дело.
„Во периодот од 16. декември 2014 година до 29. мај 2017 година, првоосомничениот, во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето службено овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата“, се вели во официјалното соопштение на Обвинителството и притоа се појаснува дека останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија-Скопје, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постака ќе бара мерка притвор за Поповски, а за другите осомничени ќе предложи мерки на претпазливост, а со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Спонзорирано