Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела кои се однесуваат на избори и гласање, а кои би биле сторени за време на неделните, локални избори, информира за голем број известувања, поднесоци и пријави за индиции за сторени изборни нерегуларности.
„По сеопфатна анализа и проверка на наводите во доставените поднесоци и пријави, Комисијата и основните јавни обвинителства кои постапуваа по нив итно и неодложно, утврдија постоење на елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, во мал дел од добиените поднесоци и пријави. За нив се оформени предмети во соодветните основни јавни обвинителства и интензивно се прибираат материјални и вербални докази. По нивното разгледување и анализа, надлежните обвинители ќе донесат и соодетни јавнообвинителски одлуки за натамошно постапување“, се вели во дописот лиферуван од Јавното обвинителство, а во кој се наведени и конкретни случаи, па така, само во скопското Јавно обвинителство се оформени три предмети. Имено, се води постапка против непознати сторители за пукање од огнено оружје за време на митинг на политичка партија во текот на изборната кампања. Оформен е и предмет по известување од МВР за сторена „изнуда“ од засега непознати лица кон оштетен кој бил на кандидатската листа за Град Скопје. На гласачко место во Основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ лице кое остварувало право на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, а другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Лицето е приведено и за него се води предмет за сторено кривично дело: уништување на изборен материјал.
Претседател на избирачки одбор, на избирачко место во Демир Капија, пријавил дека едно лице дошло да гласа во видно алкохолизирана состојба. Тој, зад параванот, го искинал едното гласачко ливче, а другото го ставил в џеб.
Обвинитлството во Свети Николе води постапка за едено лице за продолжено кривично дело: поткуп при избори и гласање. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. Настанот се случил во петокот, во општина Лозово, кога осомничениот бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда била одземена документацијата и парите коишто биле пронајдени кај сега осомничениот.
Две лица од Кочани се осомничени за дело: повреда на слободата на определување на избирачите, бидејќи тие, од осми до 15. овој месец, им се заканувале на повеќе граѓани од Кочани, дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партија чии што се симпатизери. За агитирање, на избирачко место во село Теранци, Обвинителството во Кочани оформило предмет за едно лице. Во кочанското обвинителство се отворени уште неколку постапки, а меѓу осомничените е и носителка на советничката листа која, зедно со уште едено лице, се товари за давањепоткуп.
Кандидат за градоначалник на Делчево на граѓанин му дал 3.000 денари и брошура. Во струшко Октиси едно лице го искинал гласачкото ливче, а во Гостивар, гласач, го фтографирал своето гласачко ливче. Кадидат за градоначалник на Тетово поткупувал граѓани со бекатон плочки.

Спонзорирано