Обвинителниот акт којшто денеска е доставн до скопскиот суд се однесува на вкупно седум лица, кои според Обвинителството, го оштетиле државниот буџет за повеќе од 300.000 евра
Основното јавно обвинителство за гонење на организирн криминал и корупција, по неколкумесечна истрага, д скопскиот кривичен суд, денеска поднесе обвинителен акт за седум лица, а в кој како првообвимет се јавува поранешниот секретар на Владата на РСМ, профсорот Драги Рашковски.
Имено, Рашковски се товари дека сторил продолжено кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело, а второ и трето обвинетите се товарат за помагање во извршувањето на злоупотребата, додека останатите четворица се обвинети дека помагајќи сториле по едно дело: злоупотреба на службената положба и овластување.
„Во временскиот период од јуни 2017 година до февруари 2021 година, во Генералниот секретаријат на Владата на Р.С.Македонија, првообвинетиот, како службено лице, со умисла помогнат од второ и трето обвинетите, надворешни соработници, искористувајќи исти прилики, тројцата извршиле повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Првообвинетиот не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Во една од постапките за јавна набавка, со умисла во сторувањето на кривичното дело му помогнал и четвротообвинетиот, сопственик и управител на економски оператор“ се вели в службениот допис на обвинителството и се појаснува дека дека првообвинетиот јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, со што на четирите економски оператори им овозможил да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори, но и да се стекнат со имотна корист од 17.474.137 денари или околу 285.000 евра.
Драги Рашковски, како секретар на Влада, ја искористил својата функција и склучувал авторски договори со физички лица, иако знаел дека шесто и седмообвинетиот воопшто не извршувале работни задачи, но тој им им исплаќал месечни хонорари. Второ, шесто и седмообвинетиот, согласно договорот што го имале со Рашковски, за поделба на паричните средства, подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат нему. Со ваквите дејствија била нанесена штета на Буџетот на државата во износ од 1.320.000 денари или 20.000 евра.
„Во временскиот период од петти јуни 2017 до петти мај 5.05.2021 оваа година, во Скопје, првообвинетиот, пуштил во оптек пари во вкупен износ од 5.378.319 денари, за кои знаел дека потекнуваат од кривично дело, па со намера да го прикрие потеклото на паричните средства во повеќе наврати, откако ќе ги добиел парите од кривичното дело, ги пуштал во промет вршејќи готовинска уплата на сопствените сметки и банкарски картички и на сметките на членовите на своето семејство, а исто така предвремено ги исплатил претходно земените кредити“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Надлжениот јавен обвнител, освен обвинение, до судо доставил и предлог со кој се бара на Рашковск и на четвртообвинетиот да им се продолжи веќе изреченета мерка – куќен притвор. Со обвинителениот акт, е предложено да биде определена времена мерка за обезбедување на имотно – правно барање на износ од 5.050.000 денари, за сторената штета од 18.794.137 денари или 305.000 евра која настанала поради извршување на кривичното дело.